Home / Uncategorized / Демократи ќе се залага за конфискација на украдениот имот

Демократи ќе се залага за конфискација на украдениот имот

Новоформираната партија Демократи чиј претседател е битолчанецот Јорго Огненовски, која деновиве беше официјално промовирана на македонската политичка сцена во наредните денови откако целосно организационо ќе се заокружи во наредниот период ќе се залага за комплетна реформа во економијата за да можат младите да се задржат и да не ја напуштаат државата.

Воедно Демократи ќе се залага за дефинитивна пресметка со политичкиот и економскиот криминал, кој се случил во изминатите години во Република Македонија.

-Во сите изминати години сите политички партии наводно во своите програми се залагаа за пресметка со кримналот, но за жал тие наместо да го прават тоа  беа (со)учесници  во криминалот.

Поради тоа ние од зборови   ќе преминеме на дела и ако ни се укаже прилика да земеме учество во власта, или пак се избориме ние да формираме влада дефинитивно ќе се пресметаме не само со политичкиот, туку и економскиот криминал и во регуларна судска постапка ќе им го одземеме нелегално стечениот имот, ни изјави по формирањето на партијата лидерот Јорго Огненовски.

Инаку според зборовите на Огненовски Демократи ќе биде целосна отворена за пристапување на нови членови.

-Нашата партија е граѓанска во која имаат право да членуваат сите чесни и родољубиви луѓе без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи. Таа ќе биде отворена партија за сите.

Единствениот критериум кој мора да го исполнуваат сите наши членови е да се чисти, морални, и да не  се огрешиле во криминал.

Борбата против кримналот е наша прва и највисока цел, изјави Огненовски.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*