Home / Култура / Денови на француски филм

Денови на француски филм

Вечерва и утревечер, во малата сала на 3Д Кино Битола при Домот на култура во Битола, со почеток во 19.30 часот, ќе се одржат Денови на француски филм.

Ќе бидат прикажани два филмски наслови кои ја претставуваат поновата француска кинематографија.

Станува збор за криминалната драма „Соседството на Џо“ од Алан Миние и за „Место на земјата“ во режија на Фабиен Годе.

Деновите на француски филм ги организира продукциската и дистрибутерска компанија „КТ ФИЛМ И Медиа“ од Скопје.

Кратка содржина за „Соседството на Џо“:

После 15 години поминати во затвор, Џо се враќа во старото маало, збир од скапи недвижнини во париското предградие. Неговото маало е целосно сменето, нови банди и нови правила сега владеат со ова место. Џо тешко се справува со овие промени особено откако ќе дознае дека жената што ја сакаше сега е мајка на 14-годишно момче. Џо мора да се справи со сенките од минатото.

За „Место на земјата“

Антоан е фотограф. Неговиот единствен пријател е 7-годишниот Матео, син на неговиот сосед, кој често не е дома. Еден ден ќе слушне соната за пијано која доаѓа од спротива. Маѓепсан од музиката, се опседнува со Елена, убава и мистериозна пијанистка и почнува да ја фотографира секојдневно. Меѓу нив почнува да се развива интензивна врска, која ќе го смени Антоан.

 

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*