Don't Miss
Home / Вести / Десет години СН Осигурителен Брокер АД Битола-10 години посветеност на вработените и лојалност на клиентите

Десет години СН Осигурителен Брокер АД Битола-10 години посветеност на вработените и лојалност на клиентите

Нашиот тим е нашата моќ, а задоволството и лојалноста на клиентите се наш поттик и инспирација, велат од компанијата.

Заокружувајќи ја десеттата година од основањето, овој 4-ти декември најголемото брокерско друштво во секторот на осигурувањето во земјата, СН Осигурителен Брокер АД Битола, заокружува уште една успешна година во процесот на постојан раст и развој.

Денес, на 4ти декември, одбележуваме 10 години СН Осигурителен Брокер АД Битола, 10 години заедно со Вас! Да ни се множат годините, работата, партнерствата, пријателствата и успесите! Нашата приказна е спој на посветеноста на нашите вработени и лојалноста на нашите осигуреници. Ова е повод и до едните и до другите да упатиме искрена благодарност и да си посакаме уште долги години успешна соработка-соопштија од компанијата по повод јубилејот.

Континуираното вложување во професионален кадар и испорачувањето на врвна услуга за клиентите се основните постулати на нашето работење, на што ќе останеме посветени и во идната деценија.

Нашиот тим е нашата моќ, а задоволството и лојалноста на клиентите се наш поттик и инспирација. Заедно чекориме кон нови успеси, велат од компанијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*