Home / Култура / Џез концерт што ја воодушеви публиката

Џез концерт што ја воодушеви публиката

Во саботата, во Центарот за култура во Битола, се одржа уште еден успешен концерт на задоволство на битолската публика.
Концертот беше насловен како „Седум приказни” според истоимениот албум на септетот предводен од тапанарот Гоце Стевковски.
Љубителите на квалитетната музика имаа можност освен композиции од албумот „Седум приказни” да проследи неколку нови композиции од познати музичари од македонската естрада.
– Концертот на Гоце Стевковски, „Седум приказни”, со навистина квалитетни имиња како големиот композитор Дамир Имери, Оливер Јосифовски, композитор на групата „Љубојна„, Михаил Јосифов од Бугарија и Брас секцијата од професионални музичари, е на задоволство на битолската музичка публика- изјави директорот на Центарот за култура- Битола, Борче Димитровски.
Посебно изненадување за битолската публика беше настапот на Сара Мејс како и фронтменот на гупата “Фолтин” Бранислав Николов.
И последниот џез концерт помина со одлична посетеност, што од друга страна значи дека битолската публика која е препознатлива како публика со истанчен и префинет вкус, секогаш дава поддршка на авторската и квалитетна македонска музика.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*