Don't Miss
Home / Економија / Дигитална насмевка – Совет #7: Зошто Ви е потребен SEO?

Дигитална насмевка – Совет #7: Зошто Ви е потребен SEO?

Можеби слушнавте за онаа маркетиншката поговорка да „ништо не може побрзо да убие лош производ како што тоа може да го направи добриот адвертајзинг“. Јасно е и зошто е тоа така – добриот адвертајзинг брзо привлекува голем број на корисници, кој што од што ќе го пробаат производот, ќе се згрозат и ќе заминат (а се сеќавате на дефиницијата на маркетингот – „Маркетингот е….потрошувачи кој што се враќаат“). Во случај на помалку ефикасен адвертајзинг, лошиот производ  ќе поживее уште малку.

reklamna slika za web paketi slika (1)

Е сега што е тоа SEO? Зарем SEO не е техника за привлекување на поголем број на посетители на Вашиот сајт? Дали ја гледате паралелата? Но тука има уште една паралела и се однесува на квалитет на Вашиот сајт – доколку Вашата веб страна не е „user friendly“, нема јасна структура ниту пак навигација, нема интересна содржина која што се освежува квартално, а некогаш и поретко од тоа, има проблематичен дизајн и сите други дополнителни причини поради кој што посетителите не сакаат воопшто да го посетат….Што ќе Ви e SEO?

Заклучок: Правилата која што важат во реалниот живот, важат и на интернет – првин креирајте добар производ, па потоа донесете што поголем број на корисници. First thing first.

Има уште една работа – што е за Вас добар веб сајт? Дали воопшто знаете која е неговата улога? Зошто сакате да го направите? Дали ги знаете одговорите на овие прашања?

… во следниот број Совет #8: Правосмукалка, цвеќиња и маркетинг лекции

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*