Don't Miss
Home / Спорт / Дијана Неделковска светски шампион во екстремна самоодбрана

Дијана Неделковска светски шампион во екстремна самоодбрана

Главниот тренер на македонскиот тим WFMC Macedonia, Дијана Неделковска, која со својот мајстор Златко Неделковски и уште девет члена од македонската селекција на Светското првенство во боречки вештини и борби кое се одржа во Умаг, Република Хрватска, од 22 до 26 октомври 2014, и оваа година ја освои вторпат по ред титулата Светски шампион во екстремна самоодбрана во апсолутна категорија.
Дијана Неделковска која е главен тренер во Академијата за боречки вестини “ЗА НЕД ДО“, а мината година на Светското првенство во Атина, ја понесе титулата Светски шампион во истата категорија за 2013 година.

Ретко кој спортист во боречките спортови во оваа прилично тешка дисциплина, каде се работи во апсолутна категорија, две години по ред ја брани и освојува титулата Светски шампион.
Неделковска, со боречки вештини започнала од својата петта година, а професионалната кариера веќе ја релизира од својата 15 година. Моментно таа е носител на титулата мајстор 4 дан во Кик Бокс и е официјален претставник на Република Македонија во ИСДО “International Self Defense Organization]; WPKA *[World Pan Amateur Kick Boxing Association] i WFMC *[World Fighting Sport and Martial Arts Council].

Воедно е редовен предавач согласно своето образование во областа на спортскиот менаџмент на бројни семинари, конвенции и работилници во Србија, Хрватска, Грција, Бугарија, како официјален претставник на Република Македонија во Асоцијацијата за лиценцирани фитнес инструктори и тренери “АЛФИТ” со седиште во Белград.
Моментно и покрај активностите поврзани со резултатите постигнати во Умаг, каде беше и во функција на главен тренер, на покана на Бугарската фитнес асоцијација од 8 ноември како специјален гостин од Македонија, ќе земе учество со свој мастер клас.

 

С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*