До Државната изборна комисија (ДИК) до 19 часот пристигнати се 14 приговори и тоа осум од подносителот на листа на кандидати Движење Беса и шест од подносителот на листа Коалиција предводена од СДСМ.
Дел од приговорите се однесуваат на постапката за гласање, додека дел се однесуваат на постапката за сумирање и утврдување на резултатите.
Како што информираат од ДИК, приговорите на Движењето Беса се однесуваат на општините Арачиново, Тетово, Липково и Гази Баба, додека приговорите кои се поднесени од Коалицијата предводена од СДСМ во моментов се обработуваат во архивата на ДИК.
Во 19 часот истече рокот за поднесување приговори до ДИК за постапката за гласање, додека рокот за поднесување приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите истекува на полноќ.