Don't Miss
Home / Вести / Доделени Оскарите на Битолски весник

Доделени Оскарите на Битолски весник

Денеска во Центарот за култура по сите здравсвени протоколи пропишани од Министерството за здравство се одржа годинашната традиционална манифестација на Битолски весник “Најуспешни битолчани за 2019 год., која требаше да се одржи на 28 февруари во ресторанот Вавилон.

Според сите присутни тоа беше вистински спектакл, кој ги воодушеви присутните во Големата сала на Центарот за култура.

Присутните во салата беа воодушевени од орагнизацијата на настанот, кој го снимаше ТВ Тера и кој ќе биде прикажан во наредните денови.

На свеченоста беа доделени над триесетина посебни награди и награди по категории.

Најголемото признание за животно дело го доби основачот на КУД Илинден, Антонио Димитровски. Наградата “ Гран При “ ја доби актерот на Народнит театар Петар Мирчевски, за новинарство новинарот Петар Ставрев.

Признанието Ајри Демировски го доби групата Боеми, а за трајни вредности Фонтана.

Во науката најдобра беше психологот Марија Младеновска Димитровска, во спортот екс голманот на Еурофарм Пелистер а сега на Порто Никола Митревски. Во политиката признанието го доби екс заменичката минстерка за образование Елизабета Наумовска.

Признанието за општествена одговорност го доби геренарлниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски.

Во областа на здравството признанието го доби неврохирургот Владимир Рендевски и Центарот за јавно здравје.

Во изминатите 20 години Битолски весник има наградено над 850 битолчани, а кон оваа бројка денеска се приклучија уште триесетина битолчани, кои ја одбележаа 2019 година

.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*