Don't Miss
Home / Uncategorized / Кирацовски:Договорот со Грција ја обезбедува македонската иднина

Кирацовски:Договорот со Грција ја обезбедува македонската иднина

Заедно да ставиме крај на долгогодишниот спор што ја држеше Македонија во стагнација, што не влечеше надолу и да ја обезбедиме македонската иднина, рече генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, на средбата со членови и поддржувачи на СДСМ од Могила, Новаци и Битола.

-Имаме историски договор којшто го зајакнува и зацврстува нашиот идентитет, ни ги отвора вратите за членство во НАТО и почеток на преговорите за членство во ЕУ. Тоа ќе значи загарантирана стабилност и безбедност, но и нови инвестиции, нови подобро платени работни места. Сето тоа обезбедува повеќе пари во секое семејство, кај секој граѓанин – порача Кирацовски.

Тој додаде дека цел демократски свет го поздравува постигнатиот договор, но граѓаните ќе го имаат последниот збор на референдум.

-Затоа, да се сплотиме и да дадеме поддршка на овој договор. Да кажеме ДА за интеграција во ЕУ и НАТО, да кажеме ДА за зацвртусвање на нашиот, македонски идентитет, да кажеме ДА за македонската иднина – повика Кирацовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*