Home / Вести / Донација на Ротари клубот Битола и Ротари клубот Широк Сокак со Македонската амбасада во Виена донираа за Клиничката болница

Донација на Ротари клубот Битола и Ротари клубот Широк Сокак со Македонската амбасада во Виена донираа за Клиничката болница

Здравството претставува еден од клучните столбови на државата. Обезбедувањето подобри услови во болницата со цел поквалитетна услуга за пациентите и подобри услови за работа на здравствените работници се едни од приоритетите во работењето на Ротари заедницата. Со донации во здравствените установи и инвестиции во сите сегменти на здравството, може да се зборува за градење на одржлив и квалитетен здравствен систем за сите граѓани. Но, приоритетот за донации во здравството се наоѓа на врвот на листата и на Македонската амбасада во Виена, Австрија. Заедничката визија да се обезбедат подобри услови за пациентите во Битола и Ресен резултираше со донација на болнички кревети и перници.

Македонската амбасада во Виена, Австрија во соработка со Ротари Клубот Битола и Ротари Клубот Битола Широк Сокак, заеднички реализираа донација на 50 болнички кревети за потребите на ЈЗУ Клиничка Болница Др. Трифун Пановски- Битола и Здравствен дом- Ресен. Покрај, болничките кревети, донацијата вклучува и перници за Инфективното одделение COVID центарот во Клиничка болница Битола.

Донација од ваков тип не е прва за битолската болница од страна на Ротари Клубовите. Бројните донации за битолската болница ја покажуваат посветеноста и грижата за здравјето на своите граѓани. Несомнено е дека ваквата практика ќе продолжи понатаму. Основниот мотив за овој тип на донација е подобрување на условите во битолската болница и унапредување на здравјето на пациентите.

Соработката со Македонската амбасада во Виена, Австрија, соработката со Ротари Клубовите од Битола, уште еднаш го потврдува фактот дека соработката на членовите е во насока да се постигне целта, заедницата да стане подобро место за живеење. Ваквиот пристап го потврдува следењето на Ротари мисијата: “Service Above Self”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*