Don't Miss
Home / Вести / Дополнителни контроли по однос на аплицирањето за инвертер клима уреди

Дополнителни контроли по однос на аплицирањето за инвертер клима уреди

По големиот број поднесени апликации на електронскиот систем за поднесување на барања за субвенции, на Јавниот повик за субвенционирање за набавка на инвертер клима уреди, како и по големиот број реакции на граѓаните за начинот на аплицирање, Општина Битола презеде дополнителни мерки, соопштија од општината.

Во соопштението се вели дека со цел да се утврди регуларноста на поднесените документи, односно доказите за плаќање на инвертер клима уредите, општината ја испрати комплетната документација до Управата за јавни приходи, каде што ќе се извршат дополнителни контроли на издадените фискални сметки.

Општина Битола, постојано ја потенцира транспарентноста на процесите на субвенционирање, а за таа цел и втор пат воспоставува електронско аплицирање за субвенционирање.

Електронскиот систем за поднесување на барања за субвенции, на барање на Општина Битола, го изработи „Јавен адвертајзинг“ Битола, кој ја овозможи и техничката поддршка на општината во процесот на аплицирање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*