Don't Miss
Home / Култура / Дуканџиите се плашеа да протестираат на фестивалот “Браќа Манаки“

Дуканџиите се плашеа да протестираат на фестивалот “Браќа Манаки“

Иако дуканџиите, на кои продуцентот на филмот на Столе Попов “ До балчак” им должел многу пари се закануваа со “ масовни “ протести пред отворањето на фестивалот “ Браќа Манаки “ и проекцијата на филмот “До балчак”, сепак тие според информации на порталот на Битолски весник воопшто немале намера да протестираат.

– Филмот” До балчак “ им должи пари на околу 120 дуканџии од Битола. Најголемиот број од нив се од старата битолска чаршија. Пред фестивалот ги посетив сите дуканџии и буквално со сите поединечно разговарав за тоа дали ќе има протести. Искрен да бидам бидејќи навистина им се должи и јас сакав да протестираат. Но ни еден од нив не се осмели да протестира. Сите беа некако исплашени и немаа храброст да излезат на протести, ни вели човекот кој беше директно вклучен во преговорите со дуќанџиите и кој е најинформиран за тоа колку им се должи на секој дуканџија од Битола поединечно.

Кога видов дека тие се плашат да протестираат јас се дотерав и поминав на црвениот тепих, како и сите други љубители на филмот, ни вели нашиот соговорник.

Според негови математики најмногу им се должи на сопственикот на хотелот “Де Ниро” и на сопственикот на ресторанот “Бриони”. Додека на другите дуканџии долговите им се скромни.

Инаку според информацијата на нашиот соговорник филмот “ До балчак “ должи околу 1 милион евра.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*