Don't Miss
Home / Uncategorized / Два проектили испукани кон владината зграда, МВР ги бара сторителите

Два проектили испукани кон владината зграда, МВР ги бара сторителите

Околу 23 часот ноќеска биле испукани два проектили кон владината зграда, потврди МВР.

Инцидентот го пријавиле граѓани кои слушнале две детонации, а покрај фасадата на владината зграда биле пронајдени два забиени проектили. Нема повредени во инцидентот.

Полицијата засега не прецизира за какви проектили станува збор и од кој правец дошле. Се трага по сторителите, а проектилите се испратени на вештачење. Едниот проектил завршил на источната страна од зградата, а вториот на покривот од Владата.

Во 2007 година тогашниот владин портпарол Ивица Боцевски објави дека владината зграда била гранатирана со проектили, при што еден завршил во близина на бензинската пумпа „Макпетрол”.

Сторителите на тој инцидент не беа пронајдени.

 

 

Извор:  Фактор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*