Home / Култура / 50 години Кино клуб “Милтон Манаки“ Битола

50 години Кино клуб “Милтон Манаки“ Битола

Кино студио „Милтон Манаки”-Битола годинава својот златен јубилеј го посветува на Интернационалниот фестивал на аматерски непрофесионален документарен филм (ИФДФ) „Камера 300” кој по 22-ри пат ќе се одржи во Битола.

Кино студиото „Милтон Манаки” е формирано во месец јануари 1964 година и со согласност на првиот снимател на Балканот Милтон Манаки.
– Годинава на ИФДФ пристигнаа 75 аматерски документарни филмови од 15 држави во Европа, а за прв пат на фестивалот свои документарни филмови испратија и автори од Грција, Молдавија и Германија. Бројот на македонски филмови е зголемена од лани и годинава имаме 25 документарци претежно од млади автори од Битола и Прилеп. Најголемата фестивалска награда е гран-при плакета „Милтон Манаки”, но оваа година за прв пат посебно специјално признание плакета ќе додели нашиот патрон и поддржувач, Светската асоцијација на непрофесионален филм УНИКА, а наградата ќе биде доделена на автор кој работел на тема посветена на глобалното разбирање во Светот, информира Хаџи Антоновски.
Оценувањето на пристигнатите аматерски документарни филмови го вршат Стефан Сидовски и Благојче Божиновски од Македонија, а во состав на меѓународното стручно жири се и Јосип Грозданиќ од Хрватска, Демитриос Павлидес од Грција и Евилина Швидченко од Романија. Промоцијата на наградените автори ќе се реализира на 31 октомври во НУ Центар за култура-Битола.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*