Don't Miss
Home / Култура / Две нови изданија на “Савевски“ продукција

Две нови изданија на “Савевски“ продукција

Во рамките на манифестациите посветени на 4-ти Ноември, денот на ослободувањето на Битола, се одржа промоција на две изданија од продукцијата “Савевски“. Едно од изданијата е фестивалот на македонски патриотски песни под наслов „Македонски непокор”, кој годинава беше дел од битолското културно лето Битфест, под покровителство на градоначалникот д-р Владимир Талески.

10527295_374236819405400_8410193112521650812_n

                    Од промоцијата

 

Од овој фестивал, кој се одржа во Народниот театар, издадено е ДВД и ЦД со македонски патриотски песни, отпеани од групата Бон Тон,Николче Љушковски, група Билјана, Пеце Петровски, група “Маестрал“, “Екстра бенд“, Марија Петковска, група “Аманет“, Кице Стефановски,група “Милина“, Марија и група “Балкан“, Сашко Савевски, Андријана Думевска, Македонија, Софија Кочовска,Таше Каранфиловки,група “Мегдан“ и Гоце Петревски.

Другото издание е видео- запис од проектот „Хармониките” кој исто така годинава беше изведен во рамките на најдолгото  и најсодржајно културно лето, Битфест. ДВД изданието „Хармониките” ги содржи изведбите на хармоникашите кои приредија целовечерен концерт.

Директорот Сашко Савевски најави бројни активности на Савевски продукција, како и продолженија од овие нивни проекти. Уметничкиот директор, проф. Кирил Стојчевски, на промоцијата изведе заедничко дело на хармоники со својот ученик Димитар Митровски, кој освои втора награда во Србија на натпреварот во хармоники.

Промоцијата со своето присуство ја збогати и пратеникот од Австралија во македонското Собрание, Васко Наумовски.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*