Home / Uncategorized / Тера телевизија прославува 25 години постоење

Тера телевизија прославува 25 години постоење

Тeра телевизија е една од првите приватни комерцијални ТВ станици во  Република Македонија. Започна со емитување на сопствена програма на 7  април 1993 година.
Првите неколку години како локална ТВ станица го покриваше со својот  сигнал градот Битола, а од 1996 година со пoставување на дополнителна
предавателна мрежа ја прошири својата видливост покривајќи го  Пелагонискиот регион.
Од 2014 година Тера почна со емитување на својот сигнал во Full HD, кој  е достапен за гледачите од Битола, Ресен, Прилеп, Крушево, Кичево,  Македонски брод, Демир Хисар, Новаци и Могила.
Со карактеристичен  програмски концепт, автентичен и поразличен од останата ТВ понуда, со ТВ  програма блиска до своите гледачи, со одлично едуциран кадар, со  сопствена ТВ продукција и со бројни награди и признанија дома и надвор,  Тера ТВ стана една од најуспешните локални ТВ станици.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*