Основците од „Војдан Чернодрински” се победници на Тениската лига за основни училишта во општина Карпош, која се одржуваше од 12 април до осми мај годинава.
Во екипно натпреварување, во машка и женска конкуренција, тие обезбедија најдобар бодовен резултат и на тој начин се промовираа во шампиони на белиот спорт за 2016 година.
Во машка конкуренција, второто место им припадна на тенисерите од „Петар Поп Арсов”, додека, третата позиција ја обезбедија учениците од „Лазо Трповски”.
Кај девојчињата, сребрен медал освоија тенисерките од „Димо Хаџи Димов”, а со бронза се закитија основките од „Јан Амос Коменски”.
Тениската училишна лига на која учествуваа 65 ученици од десетте основни училишта од општина Карпош, се одржува по втор пат, во организација на тенискиот клуб „Фан Тенис”, под покровителство на општина Карпош.