Don't Miss
Home / Uncategorized / Еден и пол милион евра за инфраструктурно уредување на Златниот рид

Еден и пол милион евра за инфраструктурно уредување на Златниот рид

Денеска,  во  Битола беше потпишан договор  помеѓу  градоначалникот на Битола, Владимир Талески  и  изведувачот на градежните работи, фирмата  “Гранит “ од Скопје за инфраструктурно уредување на Златниот рид.

Со овој договор, се предвидува во првата фаза од инфраструктурното  уредување на Златниот рид да бидат вложени над 1,5 милион евра.

Според зборовите на градоначалникот на Битола,  Владимир Талески со овие средства, кои се од кредитот од Светска банка, кој неодамна му беше одобрен на Битола во висина од 2,5 милиони евра  во Златниот рид ќе се гради  нова водоводна мрежа, атмосферска канализација, електрификација, нови коловози,  а ќе бидат асфалтирани и најмалку  седум  нови улици.

Урбанизацијата на Златниот рид од овој кредит ги опфаќа  градежните парцели од  АРМ 1 и дел во АРМ 2.

Од потпишувањето на договорот

       Од потпишувањето на договорот

Со изградбата на  овие инфраструктурни  зафати истите ќе се поврзат со постојната инфраструктура, која  општината Битола во изминатиот период  ја градеше со сопствени средства.

За овој проект тендерска документација подигнаа вкупно 18 фирми од кои четири  ги исполнија условите.

Од  четирите градежни компании,  најдобри услови понуди градежната фирма “ Гранит “ од Скопје, која  го доби  тендерот.

Целокупниот зафат за инфраструктурно уредување на Златниот рид  треба да заврши  за 15 месеци.

-Со кредитот што неодамна ни беше одобрен во висина од 2,5 милион евра сега ни се даде можност да ги користиме дел од  тие средства. Откако  ќе ги завршиме овие градежни  зафати ни се дава можност за натамошно вложување во инфраструктурата во Златниот рид во износ од околу 1 милион евра, нагласи на денешната прес-конференција  градоначалникот на Општина  Битола, Владимир Талески.

Инаку,  инфраструктурното уредување во Златниот рид со нетрпение го очекуваат не само компаниите,  кои купија парцели за изградба на колективни станбени згради, хотели и супер маркети, туку и  граѓаните на Битола, кои  во оваа атрактивна локација купија парцели за индивидуална  станбена изградба.

 

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*