Во неделата на 15-ти март 2015 година во Битола се одржа еднодневниот семинар за “Лична заштита”, прв од ваков тип во Република Македонија.
Организатор на семинарот беше меѓународниот експерт за боречки вештини и самоодбрана Златко Неделковски.
Семинарот под мотото: “Едуцирај се за својата безбедност” беше посетен од лица кои работат во обезбедување и цивилни лица од 18 до 70 годишна воздраст.
На истиот зедоа учество претставници од агенции за обезбедување на лица и имоти и граѓани, не само од Битола, туку и од Охрид, Ресен и Прилеп.
Согласно програмата изготвена од Неделковски, семинарот се состоеше од два дела, теоретски, на кој се опфатија варијации на начин, комуникација, пристап, препознавање и реализација при конкретни ситуации.
Додека практичниот дел опфати модели на ефикасни реакции во реални ситуации, напад од еден или повеќе напаѓачи, без или со оружје.
Во време кога и пристапот и методите на насилниците следат некој нов светски тренд на измени, сметаме дека е соодветно време и начинот на лична заштита да го адаптираме на реалните ситуации од денешницата, следејќи ги светските стандарди на професионализам – истакна Неделковски.
Сите учесници на семинарот добија сертификат од ниво 1 – основно познавање од полето на личната заштита. Вкупно беа доделени 88 сертификати.
Б.В.