.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Градска хроника / Едукативна работилница “Одбиј работа на црно“

Едукативна работилница “Одбиј работа на црно“

Денеска во салата на Советот на Општина Битола се одржа едукативна трибина, во склоп на проектот “Одбиј работа на црно“.

Едукација на професорите во средните училишта со чуствителните прашања од сивата економија и работата на “црно“, се едни од главните цели на проектот.

-Треба да им се презентираат погодностите од легализацијата на работното место и значењето што го има државата ако работат согласно законите- рече Тодор Јовчевски од Агенцијата за привремени вработувања “Партнер“.

Проектот се реализира веќе четврта година во рамките на Акцискиот план на Владата за намалување на сивата економија. Од годинава вклучени се и Министерството за труд и социјала, Министерството за образование, како и Агенцијата за вработување во партнерство со Агенцијата за привремени вработувања “Партнер“.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*