Од Општината Битола информираат дека, денес, од вкупно седум средни училишта во општина Битола, екстерно оценување на учениците во завршните класови се реализираше во шест училишта, со исклучок на Техничкото училиште “Ѓорги Наумов“.
известувањето од Општина Битола
Исто така од битолската локална самоуправа информираат дека Техничкото училиште технички е подготвено и со тестатори за успешна реализација на тестирањето во следните денови.
Списоците според кои учениците треба да бидат тестирани се објавени во училиштето.
Професорите од Техничкото училиште “Ѓорги Наумов“ веќе петти ден штрајкуваат.
Б.В.