Don't Miss
Home / Uncategorized / Екстерното тестирање се одвива во шест од вкупно 7 средни училишта во Битола

Екстерното тестирање се одвива во шест од вкупно 7 средни училишта во Битола

Од Општината Битола  информираат дека,  денес, од вкупно седум средни училишта во општина Битола, екстерно оценување на учениците во завршните класови се реализираше во шест училишта, со исклучок на Техничкото училиште “Ѓорги Наумов“.

izvestuvanje_eksterno

известувањето од Општина Битола

 

Исто така од битолската локална самоуправа информираат дека Техничкото училиште технички е подготвено и со тестатори за успешна  реализација на тестирањето во следните денови.
Списоците според кои учениците треба да бидат тестирани се објавени во училиштето.

Професорите од Техничкото училиште “Ѓорги Наумов“ веќе петти ден штрајкуваат.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*