Home / Спорт / “Електро одржување” им одржа лекција на противниците

“Електро одржување” им одржа лекција на противниците

Деновиве во спортската сала “ Павел Шатев “ се одржаа спортски натпревари на вработените во РЕК Битола и ФОД ДООЕЛ, во фудбал и кошарка жени.

Во натпреварите во мал фудбал, во конкуренција на 10 екипи со преку 100 фудбалери, првото место на турнирот го освои екипата на Електро одржување, која во фианалето ја совлада екипата на Заеднички служби со 9:5.

Во првиот натпревар екипата на ФОД ја совлада Заеднички служби со 5:4, додека Електроодржување, во натпреварот со ФОД имаше повеќе среќа и по нерешениот резултат, од 5:5, се пласира натаму по изведувањето на пенали.

Во фудбал покрај екипата на Електроодржување со пехар се закитија второпласираната екипа на ФОД  и Заеднички служби, која го освои третото место.

Во кошарка за жени  првото место го освои екипата на ТЕРМО, на второ место се пласира Хидраулика, а третото место го освоија кошаркарките  на план и анализа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*