Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Општина Карпош, денеска во ООУ „Братство“ одржа обука за изработка на професионална кратка работна биографија – Europass CV. Вработените на определено време кои се ангажирани во основните училишта и градинките во Општина Карпош, се стекнаа со практични познавања кои ќе им користат при начинот на изработка на работните биографии и аплицирање за добивање на грантови. Корисник на ваков грант од оваа година е и основното училиште Петар Поп Арсов кое со помош на овие средства ќе го реализираат училишниот проект во наставата, насловен како Another way to learn and to teach.
Оваа активност се спроведува во рамките на Еразмус плус програмата на Европската унија, која е наменета за финансирање на проекти, партнерстава, програми и мобилност во областа на образованието и обука на младите и спортот. Програмата Еразмус плус се реализира во периодот 2014-2020 година.