Home / Култура / Филмот „Кога денот немаше има“ годинава во натпреварувачка програма на „Браќа Манаки“

Филмот „Кога денот немаше има“ годинава во натпреварувачка програма на „Браќа Манаки“

Македонскиот филм „Кога денот немаше име“ на Теона С. Митевска ќе биде прикажан во натпреварувачката програма на Интернационалниот филмски фестивал Браќа Манаки на 29 септември во Битола.

 Покрај Агнес Годар, Француската директорка на фотографија која го снимаше овој филм, на проекцијата на филмот ќе присуствуваат и режисерот на филмот Теона С. Митевска, главните актери во филмот и продуцентот на филмот.

Кога денот немаше име продолжува со успесите по фестивалите насекаде на светската мапа. Во месец Септември покрај Интернационалниот филмски фестивал Браќа Манаки , филмот беше прикажан и на фестивалот во Хрватска, Four Rivers Film Festival од 12  до 16 Септември, како и на фестивалот во Мексико, Blackcanvas (Festival De Cine Contemporeano), од 19 до 24 Септември.

Овој филм ја раскажува приказната за шест тинејџери. Милан и неговиот најдобар пријател Петар подготвуваат авантуристичка екскурзија со своите другари некаде на периферијата на Скопје.

Тие се возбудени од претстојната ноќ на пиење и лудување пред раноутринската риболовна експедиција. Тие се типични тинејџери, полни со сексуални и романтични тензии и возбуда, вознемирени и оптеретени со пари и материјални нешта. Понекогаш се ѓаволести, понекогаш и ангелски; гладни за да бидат возрасни, а сепак со детско однесување.

Во дисфункционални односи со своите родители, во семејства нарушени од транзициските маки, тие се генерација која расте растргната од социјална несигурност и сомнителни вредности.

Нивната ноќ на луда забава е одбележана со несреќна посета на тинејџерка проститутка и целосно е превртена со ненадеен конфликт …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*