Денес и утре се прават финалните подготовки околу свеченото затворање на 35. Издание на Интернационалниот филмски фестивал “Браќа Манаки“, кога ќе биде премиерно прикажан македoнскиот филм “Деца на сонцето“, третиот игран филм на режисерот Антонио Митриќески, чија екипа пристигнува во Битола.
-Сите мои претходни документарни и играни филмови беа прикажани на Манаки. така што големо е задоволството што и мојот најнов проект ќе биде дел од фестивалот. “Деца на сонцето“ е оптимистички филм, едноставен и ненаметлив, убеден сум дека ќе допре до публиката. Радоста извира од внатрешноста на човекот. Како и сонцето кое несебично дава и не грее, така и ние треба да даваме од сопственото согорување. И покрај сите проблеми со кои се соочуваме, да бидеме “ДЕЦА НА СОНЦЕТО”, вели режисерот Митриќески по овој повод.
Б.В.