Don't Miss
Home / Uncategorized / Француска поддршка за изградба на меморијален комплекс во Битола

Француска поддршка за изградба на меморијален комплекс во Битола

Делегација од регионот Норманија од Франција која ја сочинуваат генералниот директор на Меморијалниот центар во Каен, Стефан Грималди и раководителот на одделот за изложби, Франк Мари, денеска и утре ќе престојуваат Македонија.

Како што информираа од Француската Амбасада, Грималди и Мари во придружба на амбасадорката на Република Франција, Лоренс Оер, денеска ќе ја посетат Битола за да се запознаат со активностите во врска со проектот за музејскиот простор којшто е во фаза на изградба на Француските воени гробишта во градот, а е посветен на борците од Источниот фронт.

Грималди и Мари се експерти од областа на музеографијата и историографијата, кои ја поддржуваат изградбата на меморијалниот комплекс, а кој, се посочува, ќе овозможи подобро запознавање со овој фронт. Во тек се значајни истражувачки активности и постапки за евидентирање, во функција на намената за зачувување на спомените и сеќавањата од тоа време.

Стефан Грималди од 2006 година е генерален директор на Меморијалниот центар во Каен, посветен на историјата на 20. век, а целата негова тематика се однесува на мирот. Со повеќе од 400.000 посетители годишно, овој центар е најпосетениот музеј во Франција надвор од регионот на Париз.

Инаку, во Меморијалниот центар во Каен од 9 март годинава поставена е изложбата „Фотографии од Источниот фронт“ од фотографското творештво на браќата Манаки, која ќе биде отворена се до 18 септември.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*