Денес се наоѓаме пред комплексот “Шехерезада”,од каде Талески и ДПМНЕ уште во предизборната кампањата во 2005-та година ветуваа дека ќе започне да функционира Топланата за Битола, која ќе ги снабдува сите поголеми фирми. Иако не ја направија,во 2013 година ветија и Топлификација за Битола. Со овој проект беше замислена изградба на топловодна мрежа од РЕК “Битола“ со која би се решил проблемот на греење во општините Битола, Новаци и Могила- изјави Методија Илиевски, кандидат за советник од СДСМ и Коалицијата “За живот“.
Илиевски потсети на уште еден ветен проект од ВМРО-ДПМНЕ и Талески и кој требаше да биде завршен уште во 2016 година, гасификација на Општина Битола.
-Со овој проект беше планирано да се обезбеди гас до секое домаќинство, со што би се намалиле нивните трошоци. Уште едно лажно ветување, а нештата да бидат потрагични истите проекти ги ветува и новиот кандидат за градоначалник – Зоран Илиоски. Господа од ДПМНЕ, како битолчани да ви веруваат сега кога 12 години ги лажете? Како да се надеваат со вас на подобро утре кога од Битола направивте град во изумирање. Доволно видовме од вас и вашите проекти! Спроведување на гас до секој дом ќе биде клучен приоритет на идната локална самоуправа предводена од СДСМ и Коалицијата- посочи Илиевски.