Don't Miss
Home / Вести / Генералниот директор на ЕСМ и директорот на РЕК Битола “ дежураа “ за Новата година со работниците

Генералниот директор на ЕСМ и директорот на РЕК Битола “ дежураа “ за Новата година со работниците

       

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски Новата година ја дочекаа со работниците во РЕК Битола кои за новогодишната ноќ беа на дежурство.

Ковачевски и Матевски им ја честитаа новата година и на работниците кои утрово се дежурни на своите работни места во комбинатот.

Првите луѓе на АД ЕСМ и РЕК Битола  им се заблагодарија на вработените што секојдневно го даваат својот придонес во справувањето со енергетската криза во земјава.

Вработените велат дека не паметат кога последен пат во минатото директори на АД ЕСМ и на РЕК Битола ја поминале новогодишната ноќ заедно со нив. Ги споделија со менаџментот желбите за добро здравје во новата година и успех во работата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*