Тим од четиринаесет членови ја расчистиле областа до висина од 8.000 метри.
На тој пат, кој траел шест недели, пронашле купови разно ѓубре како пластика, искинати шатори, конзерви, лименки и друго.Ѓубрето е собрано во вреќи, а потоа транспортирано со воен хеликоптер во Катманду. Во таа прилика се пронајдени и четири тела кои сè уште не се идентификувани и за кои не е познато времето на смртта.
Владата во Непал вели дека операцијата за чистење била успешна, но дека ги очекува уште работа.