Home / Вести / Го потпишаа Кодексот за фер избори и веднаш се разијдоа

Го потпишаа Кодексот за фер избори и веднаш се разијдоа

         

          Шестемина кандидати за градоначалник на Битола денеска во присуство на членовите на Општинската изборна комисија го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори.

          Иако тоа требаше да значи дека претстојните локални избори  во Битола  ќе поминат во фер, коректна и демократска атмосфера, сепак тоа не се случи.

          Веднаш по потпишувањето на Кодексот еден од кандидатите за градоначалник, Јорго Огненовски од партијата Демократи, одби да оди на заедничко пиеење кафе во хотелот Епинал, изјавувајќи дека не сака да биде во друштво со такви луге.

          Таквиот потег на Огненовски ги изненади не само присутните на потпишувањето на Кодексот, туку и останатите петмина кандидати, кои пред тоа заедно  со Огненовски го потпишаа Кодексот.

          Инаку во Битола во трка за градоначалничката фотелја кандидати се Христо Кондовски од СДСМ и Коалицијата, Тони Коњановски од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата,  Горан Милевски од ЛДП – ДОМ,  Горан Тасковски од партијата “ Македонска ера – трета“, Јорго Огненовски од Демократи и независниот кандидат Зоран Лазаревски -Паљото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*