За околу стотина вработени во најслатката фабрика во Битола, “Шеќераната“ претстојат горчливи денови.
Бугарскиот сопственик, којшто поседува доминантен пакет акции, деновиве ги испуштил вработените на привремен одмор.
За то време тој им ветил дека ќе им плаќа на работниците 70 проценти од нивните плати. Но, од таквото ветување нема ништо, и работиниците откако заминале на привремен одмор останале без плати.
Според наши информции за фабриката за шеќер претстојат тешки моменти бидејќи наводно од оваа фабрика каде што одамна не се произведува бел шеќер од шеќерна репка, кренал раце и бугарскиот сопственик “Литекс“.
Б.В.