.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / Градоначалничката Петровска оствари средба со амбасадорот на Словенија

Градоначалничката Петровска оствари средба со амбасадорот на Словенија

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска денеска ја оствари  првата работна  средба со амбасадорот на Република Словенија во Македонија, Милан Јазбец и претставници од  Словенското друштво “Триглав”.

На средбата во градоначалничкиот кабинет се разговараше  за заедничката соработка помеѓу Битола и Словенија   на полето на образованието , културата, економскиот развој, кои отвораат нови перспективи за двете земји.

-Ваквите средби се во насока на  зближување на Република Словенија и Република Македонија, со што би се остварила  соработка од која ќе произлезе реализација на низа проекти. Зближувањето на двата народи отвора можности за заедничка соработка- истакна градоначалничката  на Општина Битола, Наташа Петровска.

Амбасадорот Јазбец посочи дека на средбата со градоначалничката Петровска се разгледуваа можностите за воспоставување на соработка за повеќе проекти кои се однесуваат на младите генерации , преку универзитетската соработка.

-Како земја членка на Европската унија интенција ни е да  и помогнеме на Македонија во изработка на проекти и искористување на средствата од  европските фондови- посочи по средбата, амбасадорот на Република Словенија во Македонија, Милан Јазбец.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*