Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски и екипите на јавните претпријатија „Комуналец“, „Нискоградба“, „Водовод“ и Територијалната противпожарна единица Битола постојано се на терен, по силниот ветер што денес ја зафати Битола и сеуште предизвикува штети на повеќе локации.
Екипите дејствуваат координирано на повеќе места, а ќе останат на терен се до расчистување на сите локации.