Don't Miss
Home / Македонија / Груевски: Ако ДИК ја одземе победата, нема да учествуваме во прегласување

Груевски: Ако ДИК ја одземе победата, нема да учествуваме во прегласување

Лидерот на ВМРО ДМПНЕ, Никола Груевски, се обрати пред насобраните граѓани што протестираат пред канцелариите на Државната изборна комисија.

– Предмалку заседаваше извршниот комитет на ВМРО ДМПНЕ и донесе проглас со кој ќе ги информираме сите чиишто очи се вперени во одбраната на демократијата. Државната изборна комисија донесе незаконски одлуки со цел изигрување на изборната волја на народот. Работата на Државната изборна комисија се претвори во пародија. Имаме информации за вмешување на некои странски претставници со цел вршење вијание на некои од членовите на ДИК, а во правец на постизборен инжинеринг и фалсификување на изборната волја на граѓаните на Република Македонија. Некои од независните членови на Државната изборна комисија не се независни.  Незаконските одлуки на ДИК може да ги корегира Управниот суд и повикуваме да не се врши никаков притисок на Управниот суд од никого – рече Груевски.

Тој потенцираше дека нема да дозволи Зоран Заев да формира „фалсификувана“ влада и додаде дека доколку ѝ се одземе победата на ВМРО-ДПМНЕ, партијата нема да учествува во прогласувањето и нема да ги признае резултатите.

– Некои амбасадори почнаа премногу да се мешаат во внатрешната политика на земјата. Тоа мора да запре. Остануваме отворени за комуникација со сите амбасадори, но некои амбасадори кои почнаа премногу да се мешаат, мора да престанат да го прават тоа. ВМРО  нема да дозволи понатамошно мешање во внатрешно-политичките прашања на земјата и бараме да останат во рамките на своите мандати и овластувања како дипломати – рече Груевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*