Иако до крајниот рок за пријавување на кандидати за градоаначалници остануваат само уште нецели 4 дена ВМРО ДПМНЕ сеуште не излегува во јавносат со кој кандидат ќе оди на изборите во Битола.
Како што неофицијално дознаваме Груевски кога станува збор за Битола е на идеја во трката да влезе со непартиско кадровско решение, чие име засега се држи во тајност.
Деновиве се правела анкета за него и во зависност од тоа како ке реагираат граганите така ке реагира и врвот на ВМРО ДПМНЕ.
Ваквото големо тактизрање кога станува збор за Битола е што со своето раководење особено во третиот мандат Талески го урнисал рејтингот на партијата, која воопшто не се согласува со начинот на кој тој ја практицира власта.