Don't Miss
Home / Политика / Груевски: Деветте изборни победи се доверба и поддршка од мнозинството граѓани

Груевски: Деветте изборни победи се доверба и поддршка од мнозинството граѓани

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски во своето обраќање на 15-тиот конгрес на партијата кој се одржува во Куманово истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која во последните 10 години нанижала 9 изборни победи, во кои ја добиле убедливата поддршка на мнозинството граѓани без ниту еден пораз.

-Во исто време организациската, логистичката и техничка инфраструктура на партијата е сериозно зајакната вклучувајќи го и новиот објект на Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје. Бројот на членови нарасна на над 165.000, како никогаш во историјата на партијата. Во периодот од претходниот до овој конгрес 2011-2015, прокниживме 4 изборни победи, два пати на парламентраните и по еднаш на локални и на претседателски избори. Тие победи не дојдоа ниту случајно, ниту некој ни ги подари. Тие победи се доверба и поддршка од мнозинството граѓани на Македонија, истакна Груевски.

Тој додаде дека поддршката од мнозинството граѓани доаѓа како резултат на нивното работење, држењето до дадениот збор, посветеноста, одговорноста, чесниот пристап кон работата и илјадниците проекти.

-Не дека сме безгрешни, имавме и грешни и пропусти, но покажавме најмногу од сите политички гарнитури досега, потенцираше Груевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*