Home / Македонија / Хан: Важно е дека условите на избори се исполнети

Хан: Важно е дека условите на избори се исполнети

Комесарот за преговори за проширување на Европската Унија Јоханес Хан, пред утрешната посета на Република Македонија, денеска испрати порака дека е важно што условите за одржување на веродостојни избори во земјата се исполнети. Предвидено е Хан утре да се сретне со премиерот Емил Димитриев, со лидерите на четирите најголеми политички партии, потписници на Договорот од Пржино, со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и со претставници на граѓанското општество.

Главната цел на посетата на Хан е да се направи преглед на политичките случувања и да се дискутира за патот напред, особено во однос на организирање на предвремените парламентарни избори во декември, како и за спроведувањето на Итните реформски приоритети, се вели во соопштение на Европската комисија.

Во неговата изјава Хан вели дека со нетрпение ја очекува посетата на Скопје.

– Договорот постигнат летоска од страна на сите главни политички партии и поставување на датумот на изборите за овој декември е добар чекор. Сепак, ова е само почеток. Важно е дека условите на веродостојни избори се целосно исполнети и дека граѓаните можат слободно да учествуваат во нив – вели комесарот Хан.

На разговорите тој ќе инсистира да се забрза имплементацијата на Итните реформски приоритети во законот.

– Сето ова е клучно за земјата да направи одржлив напредок на својот пат кон Европската унија. Исто така, со нетрпение очекуваме да слушнеме од специјалната обвинителка за тоа како напредува нејзината работа и за предизвиците со кои се соочува таа – посочува еврокомесарот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*