Don't Miss
Home / Uncategorized / Христијан Мицкоски:На сцена е криминален октопод

Христијан Мицкоски:На сцена е криминален октопод

Денес се покажа дека имаме работа со криминален октопод, напиша на фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откако италијанскиот весник Ла Верита објави нови аудио-снимки, на кои, според весникот, меѓу другото се слуша како специјалната јавна обвинителка Катица Јанева му вели на бизнисменот Орце Камчев дека се ќе заврши во неговата корист во предметот „Империја“, откако претходно договора исплата на пари со Бојан Јовановски.

„Зоран Заев велеше дека Катица Јанева е добар човек со капацитет, дека не се откажува од неа и дека тоа е неговата црвена линија. Но денес, прашањето е дали се уште верува во капацитетите на Јанева и дали можеби е тоа причината зошто не проаѓа законот за обвинителство, та нели Катица треба да биде дел од Републичкото Обвинителство? Сите знаат дека силата на тој октопод кој изнудувал пари не се ниту прво, ниту второ осомничениот, туку власта преку слугите во обвинителството и судството ги легитимирала како нивна силна рака“, напиша Мицкоски.

Тој додава дека наместо власта и институциите веднаш да преземат одговорност, одлучиле да се вадат и, како што вели, да ги лажат меѓународните партнери за некаква одлучна борба против криминалот.

„Зошто се уште Катица Јанева не е во притвор? Зошто ниту Фрики, ниту Кики не се повикани на распит? Зошто Заев ги штити криминалците во своите редови, па ќе се јави сомнеж или можеби себепотврда, нели тоа го прави ороводец во штитењето на тој криминал. А зошто премиер би штител криминал, причината е една, затоа што токму од таму извира криминалот“, порача лидерот на ДПМНЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*