Најголемиот дел од насилниците кои го предводеа нападот во Собранието на 27 април, се идентификувани, објави телевизија Телма. Нивниот идентитет го откриле осумината полициски инспектори и дел од тимот на обвинителството за организиран криминал.
Телма јавува и дека Митко Чавков, тогашниот раководител на оперативниот штаб одбил да даде исказ пред работната група во МВР, а се уште не бил повикан на распит во обвинителството.