Don't Miss
Home / Култура / “Илинденски денови “празник на фолклорот, играта и песната

“Илинденски денови “празник на фолклорот, играта и песната

Со одржувањето на традиционалното дефиле по битолските улици, како и играњето на традиционалнато оро “ Комитско” на сцената на ракометното игралиште, во Битола свечено беше отворено годинашното  47 издание на  фестивалот на народни песни и игри “Илинденски денови “

Поздравувајќи ги присутните во името на покровителот на Фестивалот, Собранието на Република Македонија, пратеникот од Битола, Васко Ковачевски меѓу другото истакна дека Фестивалот „Илинденски денови” во своето долгогодишно континуирано постоење се дефинира како светски реномирана сцена, каде што се реставрираат и презентираат народните ора, песни, обичаи, инструменти и носии. Фестивалот, посочи тој, стана своевиден мост кој ги поврзува многувековната традиција со денешницата, огледало на мултикултурната разновидност, а со својата интернационализација и универзални вредности стана место за поврзување на вљубениците во народната култура во целиот свет.

– Фестивалот „Илинденски денови” е местото каде што се негува и продолжува традицијата, место каде што се дружат народните уметници, место каде што почнуваат нови пријателства, место од каде што секоја година преку музика и игра се испраќа порака за културен натпревар, мир и соработка, нагласи Ковачевски.

Во името на организаторот на Фестивалот гостите ги поздрави новиот в.д директор на Центарот за култура, Зоран Димовски.

– Програмскиот концепт кој што ви го нудиме оваа година е еден прекрасен мозаик на сценски презентации на традиционални вредности, проекти од едукативната, изложбената и издавачката дејност, стручни советувања, дискусии, но и дружења, соработка и вистинско уживање во орото, песната и играта, посочи  Димовски, в.д. директор на НУ Центар за култура-Битола, домаќин и организатор на фестивалот во овој град.

Инаку годинава на фестивалот учествуваат над 1.000 членови на културно уметнички друштва, фолклорни групи и ансамбли од државата и странство, кои на четирите фестивалски вечери  пред многубројната битолска публика, која традиционално во голем број го следи фестивалот ќе ја претстават својата традиционална музика и игра.

Фестивалот продолжува вечер, а ќе заврши на 1 август со интернационална програмска вечер во античкиот театар на Хераклеја Линкестис.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*