Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Битола, Зоран Илиоски денеска беше на средба со претставници на Ромската заедница.
Придружуван од кандидатите за советници, Илиоски со сограѓаните разговараше за нивните проблеми, порачувајќи им дека ќе бидат посветени на решавање на тие проблеми.
-Инфраструктурните проблеми се детектирани, како општина ќе се залагаме да се решат максимално бидејќи како иден градоначалник со мнозинство во Советот, се трудиме да ги решиме проблемите за сите граѓани на Битола без разлика во кој дел на општината живеат, дали во централното градско подрачје, приградските населби или во селските населби, истакна Илиоски по средбата.