Don't Miss
Home / Вести / Инспекцијата доби поголеми овластувања

Инспекцијата доби поголеми овластувања

Владата ги разгледа и ги усвои предлог измените на Законот за заштита на население од заразни болести, со кои се предвидени нови поголеми овластувања на инспекциските служби за справување со прекршителите на ковид-протоколите.

Законските измени се однесуваат на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот инспекторат за транспорт и за другите инспекторати на централно и локално ниво.

Според измените, доколку инспекторите утврдат прекршување на здравствените протоколи, ќе имаат овластување на лице место да изречат привремена забрана за вршење на дејноста во траење до 30 дена за правниот субјект.

Истовремено, со новите законски измени ќе се зголемат паричните казни за прекршителите на здравствените протоколи. Висината на казните ќе биде во зависност од големината на правните лица (фирмите).

Измените и дополнувањата на Законот за заштита на население од заразни болести ќе стапат во сила откако ќе ги прифати и одобри Собранието на Република Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*