Home / Uncategorized / Иванов се сретна со Нимиц

Иванов се сретна со Нимиц

Претседателот Ѓорге Иванов попладнево во Скопје се сретна со посредникот на Обединетите нации за името, Метју Нимиц.

Како што соопшто претседателскиот кабинет по средбата, Иванов му наглаисл на Нимиц дека во процесот неопходно е стриктно придржување до резолуциите на Советот за безбедност, Времената спогодба и пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Иванов нагласил дека мора да се почитува меѓународното право и да се има доследност кон меѓународно преземените обврски. Утре наутро Нимиц ќе се сретне и со премиерот Заев.

Претходно викендов, шефот на дипломатијата Никола Димитров во Дубровник изјави дека ако Грција не ја блокира Македонија за влез во НАТО, ќе се создаде многу позитивна клима за решавање на разликите околу името.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*