Избирачкиот список од утре ќе биде ставен на јавен увид. Според информацијата добиена од ДИК на него има вкупно 1.816.127 гласачи. Не се внесени 11.346 граѓани.
Најголемиот број од лицата кои не се внесени во списокот, 7.017 немаат живеалишта, дел се избришани од подрачните одделенија по основ на смрт, нераспределнени има 1.418 лица и на 672 им е регистрирано поништено живеалиште, а како причини зошто овие лица ги нема во списокот се наведуваат и одземената деловна способност, отпуст од државјанство или избришани со акција за бришење.
Од ДИК, наведуваат дека презентираните бројки не се и конечна форма на Избирачкиот список.
Увидот во Избирачкиот список за одржување на локалните избори на 15 октомври годинава ќе трае до 9 септември.