Don't Miss
Home / Uncategorized / Излекувана првозаразената пациентка од корона вирус во Македонија

Излекувана првозаразената пациентка од корона вирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека првата пациентка со коронавирус во земјава денеска заминува на домашно лекување. Таа била по вторпат тестирана по дијагностицирањето на вирусот според насоките и препораките на Светската здравствена организација.

Првиот случај на коронавирус во земјава беше потврден на 26 февруари. Заболената со комбе се вратила од Италија со симптоми на грип. Останатите патници и возачот на комбето поминаа 14 дена во карантин и сите беа негативни на коронавирус.

Министерството, исто така, соопшти дека здравствената состојба на пациентите позитивни на КОВИД-19 кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна. Во стабилна состојба е и првата пациентка од Дебар која е на респираторна машина. Петте пациенти кои се лекуваат во дебарската болница се во добра здравствена состојба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*