Don't Miss
Home / Култура / Јубилејниот десетти по ред “Битфест 2015“ со 180 културни настани

Јубилејниот десетти по ред “Битфест 2015“ со 180 културни настани

В сабота, со концерт на филмска музика во просторот на Пациото во Завод и музеј на Битолскиот Камерен оркестар, започнува јубилејното десетто по ред издание на овогодинешниот  “Битфест 2015“.

Битола ќе биде голема сцена на отворено, каде летово ќе се одржат над 180 културни настани, најави главниот покровител и идеен творец на концептот “Битфест“, градоначалникот на Битола, д-р. Владимир Талески.

Од денешната прес-конфренција

Од денешната прес-конфренција

-Два месеци во Битола интензивно ќе се случуваат културни настани. Концептот “Битфест“ е обединувачки, каде подеднакво им се дава шанса и на искусните уметници, но и на алтернативните и независни творци. Во изминатите девет години, на Битолското културно лето се имаат одржано над две илјади настани со вкупно 30 илјади учесници и над половина милион посетители- информираше на денешната прес-конференција, битолскиот градоначалник д-р. Владимир Талески.

bitfest 1

bitfest 6

На програмата на јубилејниот “Битфест 2015“ ќе има настани за сечиј вкус, од детски програми, до концерти на сериозна, популарна музика, ликовни изложби, опери, театарски претстави итн.
Во “Битфест“ во изминатата деценија откога постои културното лето, се вклучени сите национални културни институции заедно со Општината Битола.
Битолската публика ќе има можност да ги проследи концертите на Калиопи, “Фолтин“, Ван Гог, Владимир Четкар, Ламбе Алабаковски и Димитар Андоновски, Васил Хаџиманов, “Љубојна“ и други.
Свои настапи ќе имаат музичари од Израел, а и годинава публиката ќе има прилика да погледне оперска изведба.

Општината Битола дава поддршка и на музичкиот настан “Широк сокак во бело“.

Градоначалникот Талески со директорите Димитровски и Светозарев

Градоначалникот Талески со директорите Димитровски и Светозарев

Директорот на Битолскиот Народен театар, Валентин Светозарев го најави и најновото издание на “Битола Шекспир фестивалот“ што од 22 до 28 јули ќе се одржува во Битола а каде ќе настапат актери од Холандија, Србија, Соединетите Американски држави и Македонија.

И Центарот за култура од Битола традиционално е дел од Битолското културно лето со бројни настани.
-Од 28 јули до први август во Битола, традиционално ќе се одржи јубилејното 45 издание на Републичкиот фестивал “Илинденски денови“. На Фестивалот учество ќе земат, 30 фолклорни ансамбли со близу илјада учесници од Бразил, Мексико, Хрватска, Полска и Италија. Интернационалната вечер годинава ќе се одржи на плоштадот “Магнолија“ што е новина оваа јубилејна година. Воедно свој концерт на Битфест ќе одржи и етно групата “Љубојна“, а освежување летово за публиката ќе биде летното 3Д кино што ќе биде поместено во Пациото на Заводот и музеј, каде публиката ќе може да ги погледне најновите светски филмски остварувања кои моментно се на редовниот кино- репертоар. Центарот за култура ќе го организира и концертот на групата “Фолтин“- информираше, Борче Димитровски, директор на Битолскиот Центар за култура.

bitfest 2

bitfest 4

И градската и универзитетска библиотека од Битола е дел од јубилејниот “Битфест“ со мултимедијални проекти, повеќе литературни настани, промоции на книги, гостувања на познати писатели од детската литература.

 

На јубилејниот десетти по ред “Битфест 2015“ што го организира Општина Битола и градоначалникот д-р. Владимир Талески годинава се очекуваат повеќе од две илјади и петстотини учесници.

 

 

Б.В.

Фото: С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*