Don't Miss
Home / Македонија / Кајмакоски ќе ја претставува Македонија на Евросонг

Кајмакоски ќе ја претставува Македонија на Евросонг

Даниел Кајмакоски со композицијата „Лисја есенски“ ќе ја претставува Македонија на Изборот за песна на  Евровизија 2015–та, во Виена, Австрија.

Тој победи на синоќешниот Фестивал на забавни мелодии – Скопје 2014 што се одржа во Метрополис арената во Скопје.

Второ место го освои Тамара Тодевска со „Брод што тоне“, а третото место и’ припадна на Евгенија Чанчалова – Еги која настапи со песната „Да не те сакам“.

На тројцата првопласирани изведувачи им следуваат вредни парични награди. Првопласираниот добива 20 илјади евра во денарска противвредност, за второпласираната 10 илјади и 5 илјади евра за трето пласираната композиција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*