Don't Miss
Home / Култура / Камерниот оркестар со концерт на ракометното игралиште во Битола

Камерниот оркестар со концерт на ракометното игралиште во Битола

Битолскиот Камерен оркестар кој работи под покровителство на Националната установа  Центар за култура од Битола во текот на овој месец  ќе одржи концерти под наслов „Рок симфонија” во Битола, Скопје,  Штип и Кавадарци.

Директорот на Центарот за култура од Битола, Борче Димитровски вели дека Камерниот оркестар на  Битола во четвртата година од своето постоење постигнува вистинска зрелост за поголема турнеја низ државата.

-Во текот на овој месец,  Камерниот оркестар на Битола ќе приреди неколку концерти под наслов „Рок симфонија” во повеќе макеоднски градови: Штип, Кавадарци, Битола и во Скопје каде ќе учествува на затворањето на фестивалот „Скопско лето”. Првиот концерт ќе се одржи на 25 јули на ракометното игралиште во Битола затоа што има можност за повеќе илјадна публика, а потоа ќе се одржат и другите концерти закажани за под отворено небо, истакна директорот на Центарот за култура од Битола, Борче Димитровски.

Камерниот оркестар на Битола првата македонска летна турнеја и концертот „Рок симфонија” ќе го реализира со 25 членови на оркестарот и солистите Михајло Трајковски, Жарко Јакимоски и Петар Христов.

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*