Околу десет часа траеше претресот во домот на поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска. Претресот заврши со одземени два мобилни телефони во сопственост на поранешната министерка, и компјутер во сопственост на нејзиниот син, пренесува телевизијата.
Според неофицијални информации, Канческа била присутна и соработувала со полицијата.
Станува збор за нова, предистражна постапка, поврзана со дело од 2016-та година.